„Текно Хозе“ ќе инвестира 10 милиони евра во Бунарџик

Bez autora
May 19 2010

По две години откако ја купија празната тајванска хала во Бунарџик денеска потпишаа договор за закуп на земјиштето во слободната економска зона. Италијанците од „Текно Хозе“ конечно ги открија своите бизнис планови за инвестиции во Македонија. Велат дека се повлекле поради кризата, но сега ветија дека догодина ќе почнат со производството. Нормално тоа ќе зависи од тоа кога ќе успееме да ја прилагодиме халата за нашите потреби, меѓутоа можам да ви гарантирам дека во текот на следната година, ние веќе ќе произведуваме. Се работи за површина од два хектара, кое е земјиште кое се оценува под објектот кој го купија во крајот на 2008 година. Во својата прва инвестиција на странски пазар „Текно Хозе“ се обврза дека за пет години во Македонија ќе инвестира 10 милиони евра и ќе вработи 150 луѓе. Во Бунарџик ќе произведува цевки и спојки за висок притисок пред се за рускиот пазар. Дојде да инвестира, но за малку ќе настрадаше.

„Текно Хозе“ ќе инвестира 10 милиони евра во БунарџикПо две години откако ја купија празната тајванска хала во Бунарџик денеска потпишаа договор за закуп на земјиштето во слободната економска зона.

Италијанците од „Текно Хозе“ конечно ги открија своите бизнис планови за инвестиции во Македонија. Велат дека се повлекле поради кризата, но сега ветија дека догодина ќе почнат со производството.

„Нормално тоа ќе зависи од тоа кога ќе успееме да ја прилагодиме халата за нашите потреби, меѓутоа можам да ви гарантирам дека во текот на следната година, ние веќе ќе произведуваме“, изјави Антонио Витило - „Текно Хозе“.

„Се работи за површина од два хектара, кое е земјиште кое се оценува под објектот кој го купија во крајот на 2008 година“, рече Марјан Јованов - Дирекција за слободни економски зони.

Во својата прва инвестиција на странски пазар „Текно Хозе“ се обврза дека за пет години во Македонија ќе инвестира 10 милиони евра и ќе вработи 150 луѓе. Во Бунарџик ќе произведува цевки и спојки за висок притисок пред се за рускиот пазар. Дојде да инвестира, но за малку ќе настрадаше.

Главниот менаџер на „Текно Хозе“ денеска падна од бината на италијанско-македонскиот бизнис форум, но за среќа се се заврши добро.

Италија и Македонија денеска потпишаа договор засилена економска соработка и меѓусебни инвестиции, а групи од десетици бизнисмени од двете земји во текот на денот остварија меѓусебни средби.

Makfax: Италијански инвеститор падна од бина во Скопје

Првиот италијански инвеститор, кој се реши да гради фабрика во Македонија, вредна десет милиони евра, доживеа непријатност денеска во Скопје, откако падна од бината при потпишувањето на договорот.

Незгодата се случи за време на Македонско-италијански бизнис форум во Скопје, на кој присуствуваа македонскиот министерот за економија Фатмир Бесими и италијанскиот заменик-министер за економија, Адолфо Урсо заедно претставници на триесетина италијански и над 90 македонски компании.

Претставникот на италијанската групација ВИТИЛО, Антонио Витило во еден миг го снема од бината, при потпишувањето на Декларација за зајакнување на регионалната соработка во значајни области.

Витило се повлече чекор наназад, најверојатно да направи повеќе простор, но незнаеше дека стои на крајот од бината, која беше висока околу еден метар.

За среќа, италијанскиот бизнисмен мина без повреди и во манир на вистински италијански шармер веднаш се крена на нозе и со насмевка на лицето се врати на бината, каде што потпиша договор за инвестирање во Македонија.

Компанијата, која што ја застапува господинот Витило, наскоро ќе отвори фабрика во Македонија, во која што е предвидено во првите пет години да инвестира најмалку десет милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik